Младиот виетнамски уметник се споредува со Џексон Полок и неговите слики се продаваат за 150.000 долари па нагоре. Но, кога се отвора неговото прво соло шоу во Лондон, тој зборува за иднината, донира во добротворни цели и фактот дека е „само дете”.
Кога Ксео Чу имал четири години, имал фигуративен период. „Ушите се многу тешки за цртање“, вели 14-годишното виетнамско уметничко чудо на неговата прва самостојна изложба во Лондон, додека стои пред неговата прва слика, портретот на неговата мајка.

Запознајте го Ксео Чу, чудото на уметноста
Нгуен Ти Ту Суонг е соодветна прва тема за уметникот. Таа е сопственик на две галерии во Хо Ши Мин Сити и ги охрабрила Ксео и неговите двајца браќа да земат лекции по цртање не долго откако прооделе.
„Без мама, се разбира, би бил ништо. Сигурно нема да бидам тука да разговарам со тебе, Не дека тоа е лоша работа“. – вели младиот умерник во своето интервју за Гардијан
Приказната што ја раскажува неговата мајка е дека Ксео Чу молел да му дозволат да посетува часови по уметност со неговите постари браќа. Затоа му дала молив и гума и го пуштила да посетува часови после училиште. Неговите браќа се откажале од часовите, но Ксео Чу ја нашол својата страст.
„Сакам да сликам. Дури и ако понекогаш сум осамен кога сликам, ме исполнува со радост. Исчезнувам со часови додека сликам“.
Тој ја продал својата прва слика на посетител на галеријата на неговата мајка.
„Бев навистина среќен. Тоа беше кога имав шест години“.
Оттогаш неговите дела се собираат низ целиот свет, од САД до Јапонија и пошироко. Денес критичарите редовно го споредуваат со Џексон Полок, неговите слики доаѓаат со цена од 150.000 долари, а со оваа нова изложба во лондонскиот Мејфер по другите во Виетнам, Сингапур и Њујорк, тој имаше самостојни изложби на три континенти. Не е лоша работа за никого, но особено извонредна за некој роден во 2007 година.

„Кој знае дали ќе сликам за 10 години?“ … Ксео Чу пред неговите дела