Една од најпознатите манекенки на денешницата Џиџи Хадид (27) одржа вистинска модна лекција за стилските есенски денови.

За состанокот за ручек со познатиот актер Леонардо ди Каприо, со кој од неодамна е во врска, избрала победнички аутфит составен од две ултра модерни парчиња.

Камел кадифен капут со ремен е незаменливо парче од секој есенски аутфит, а кафените мокасини со дебел ѓон се главен тренд меѓу обувките оваа сезона.

, StoryLand

Камел палтото од кашмир е креација на модниот бренд „guest in residence“ на Ѓија, а со кафените мокасини одлично се совпаднаа со широки фармерки.

Инаку, капутот на секоја комбинација и дава шмек на елеганција и префинетост, веќе неколку години е во првите редови на модната сцена и лесно се вклопува со сите бои и комбинации на облека.