Латино дивата Џенифер Лопез е фотографирана на улиците на Холивуд додека се упатувала кон своето студио.

Навикнати сме да ја гледаме во елегантно издание на црвениот тепих. Таа е кралица на елеганцијата, носеше едни од најубавите фустани од врвни дизајнери, но кога се во прашање поопуштените изданија и таму не греши.

Dzenifer Lopez

Сака да се облекува лежерно и често ја гледаме во спортска гардероба, а многумина коментираат дека изгледа исто толку добро и кога не е дотерана. Реченицата „на убава жена сè изгледа добро“ дефинитивно важи за латино дивата која покажа уште еден одличен зимски стајлинг.

Широки беж панталони со џебови, Канаѓанки, бел дуксер и краток светол елек беа модните избори на Џенифер Лопез.

Dzenifer Lopez