Латино пејачката станува многу рано за да вежба, а вели дека фитнесот е голем дел од нејзиниот живот.
Латино дивата Џенифер Лопез не само што работи за да изгледа добро на црвениот тепих, туку и да се чувствува добро одвнатре.
53-годишната пејачка во интервју за „UsWeekly“ откри како редовната физичка активност и помага да остане позитивна.
– Не е тајна дека фитнесот е важен дел од мојот живот – рекла Џеј Ло, мајка на 15-годишни близнаци.
– Верувам дека постои позитивна корелација помеѓу вежбањето и менталното здравје – додаде пејачката чиј нов албум „This Is Me…Then“ ќе излезе летово.
Првото нешто што го прави наутро се вежбите за кои вели дека ги прави пред пет часот наутро, кога сè уште е темно и без оглед на обврските што ја очекуваат тој ден.
Што се однесува до вежбите што ги прави, вели дека нема конкретна програма, но дека секогаш има тенденција да меша вежби и постојано да внесува новини во распоредот на вежби.