Како модерна модна икона, Џеј Ло знае дека облеката од твид е ултра популарна оваа сезона.

Латино дивата Џенифер Лопез е фотографирана со сопругот Бен Афлек и нивните деца во Санта Моника, каде како семејство отишле да пазарат за новогодишна елка.

Гордите родители ги донесоа своите деца да го направат овој празничен шопинг.

За нив тоа претставува нешто посебно, бидејќи првата Нова година ја дочекуваат како брачен пар.

За оваа прекрасна пригода Џеј Ло облече широки фармерки и бела блуза, а круната на аутфитот беше долгиот капут кој малку се влечеше по земја.

, StoryLand

Преголемите палта се голем тренд и оваа сезона, а Џеј Ло како модерна модна икона знае дека облеката од твид е ултра популарна оваа сезона.

Така и овој нејзин капут во зелено-бела комбинација беше круна на нејзиниот опуштен стајлинг и потврда дека твид јакните и капутите се парчиња кои треба да ги имаме оваа зимска сезона.