Таа се грижи за исхраната и здравиот начин на живот. Надалеку е познато дека Јелена Ѓоковиќ се храни здраво и дека многу внимава на исхраната. Таа се труди се што јаде да биде органско, природно и здраво и често споделува рецепти и здрави алтернативи со нејзините следбеници.

Така таа неодамна објави фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“ како ужива во еден од омилените зимски пијалоци, а тоа е чајот од куркума.

Со оглед на тоа што чајот од куркума е богат со витамини, минерали и други корисни соединенија, тој е одличен за зајакнување на имунитетот и заштита од настинки, а Јелена тоа многу добро го знае.

Куркумата се користи со векови и неодамна повторно стана популарна поради многуте корисни својства. Придобивките од чајот од куркума вклучуваат зајакнување на имунолошкиот систем, ублажување на болката и подобрување на концентрацијата.

, StoryLand

Покрај овие придобивки, постојат четири причини зошто треба да пиете чај од куркума.

1. Го смирува воспаленото грло
Благодарение на неговите антиинфламаторни својства, чајот од куркума може да помогне во ублажување на симптомите на болки во грлото. Куркуминот има и голем број антибактериски, антимикробни и антивирусни својства.

2. Придонесува за смирување на главоболките
Ако страдате од главоболки, чајот од куркума може да помогне во ублажување на болката. Се покажа дека куркуминот има невропротективни ефекти и може да помогне во ублажување на мигрената и главоболката.

3. Го подигнува расположението
Студиите сугерираат дека куркумата може да има заштитен ефект против симптомите на анксиозност и депресија. Иако секогаш треба да се консултирате со вашиот лекар ако сте загрижени за вашето ментално здравје, шолја чај од куркума може да ви помогне да го подигнете вашето расположение.

4. Одличен е за кожата
Ако имате проблем со кожата како акни, чајот од куркума може да ви помогне. Благодарение на неговите антиинфламаторни, антимикробни и антиоксидантни својства, шолја чај од куркума може да помогне во чистењето на кожата и да го подобри здравјето на кожата.