Новак Ѓоковиќ ги продолжува подготовките за мастерсот во Монте Карло, а сега тренира со Јаник Синер.

Со 20-годишниот Италијанец, моментално 12. тенисер во светот, Новак тренираше во клубот каде сезонава настапуваат првите мајстори на земјена подлога.

Тоа ќе биде само втор турнир сезонава за Ѓоковиќ, кој не беше вакциниран и затоа играше само во Дубаи, каде беше елиминиран во четвртфиналето од Јиржи Весели.

Ѓоковиќ ќе биде првиот носител во Монте Карло, каде досега двапати ја освои титулата – во 2013 и 2015 година.